29 Март, 2024
0.0265

Самсунг на престижниот саем на часовници и накит – “Baselworld 2017“

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)оваа година има чест и привилегија да биде дел од саемот “Baselworld 2017“и со претставувањето на своето портфолио Gear паметни часовници да го премине јазот помеѓу високата технологија и наследеното знаење за швајцарската изработка на часовници.

Заедно со палетата на Gear паметни часовници, на саемот ќе бидат изложени и специјално дизајнираните ременчиња за часовници, дополнителните варијации на боја за Gear S3, како и новите идејни концепти. Инспириран од уметноста на правењето часовници, Gear S3 е комбинација од прецизните детали и елементите од врвен дизајн што може да се воочат на традиционалните часовници, како и технолошките иновации карактеристични за паметните часовници. Овој уред овозможува и голем број предности за корисниците, меѓу кои и отпорност на вода, вградени звучници за влезни повици, гласовни пораки и пуштање музика преку интернет, како и независен GPS со кој се следат спортските активности. Gear S3 е дизајниран за да се вклопи во секоја колекција на часовници, а се темели на традицијата на луксузни безвременски парчиња кои ќе бидат прикажани на саемот “Baselworld“.

Рачниот часовник за нас претставува многу повеќе од едноставен алат за мерење на времето. Тој допринесува за личниот стил и е одраз на интересирањата. Gear S3 е приказ на ново ниво на едноставна употреба, стил и иновација, во комбинација со континуирана посветеност на квалитетната изработка. Gear S3 е повеќе од паметен часовник. Тој е рачен часовник кој во категоријата паметни часовници е приказ за безвременски дизајн, изработен за љубителите на часовници, како и за љубителите на технологијата.” – изјави Јунги Ли (Younghee Lee), Извршен Потпретседател за Глобален Маркетинг, Дивизија за мобилна комуникација, Самсунг Електроникс.

Дизајнерот на луксузни часовници од Швајцарија, Иван Арпа (Yvan Arpa),ќе се приклучи на Самсунг на саемот“Baselworld“за да ги прикаже трите идејни дизајни на рачни часовници кои се засноваат на моделот Gear S3. Арпа ќе го претстави часовникот кој во прв миг наликува на Gear S3, но всушност е традиционален рачен часовник со механизам и детали произведени во Швајцарија. Исто така, ќе го претстави и часовникот кој претставува нов пристап кон Gear S3 моделот, со завршни елементи подигнати на едно повисоко ниво, како и концепт на Gear S3 во облик на џебен часовник.

Присуството на Самсунг на саемот Baselworldприкажува како светот на технологијата и хорологијата е во констатен развиток. Самсунг е посветен на овозможување на квалитетна изработка на сите нивни производи со кои се отсликува наследството и еволуцијата на индустријата на часовниците.” – изјави дизајнерот на часовници, Иван Арпа.

На саемот“Baselworld“, Самсунг исто така ќе го претстави својот промотивен пакет – “Value Pack“ за Gear S2 и S3. Овој пакет за ажурирање е со повеќе содржини и овозможува корисниците да завршат повеќе задачи преку партнерските апликации од врвни брендови како Spotify и NEST. Покрај тоа, напреднати се и функциите како апликацииите за мерење на надморска височина и воздушен притисок, потсетникот и “S Health“апликацијата за следење на здравјето.

Откако премиерно го претстави својот прв уред за носење во 2013 година, Самсунг ја држи лидерската позиција во оваа индустрија и продолжува да ги поместува границите, проширувајќи ја својата палета со голем број на различни иновативни решенија кои се спој на технологијата, услугите и едноставната употреба. Исто така, Самсунг нуди и дополнителни дизајни на циферблејтот и ременчињата за Gear S3 и Gear S3, овозможувајќи им на корисниците едноставно и модерно прилагодување на нивните паметни часовници на животниот стил и нивните дневни активности.

Можеби ќе ве интересира

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ