28 Март, 2024
0.0239

Самсунг представи нови ТВ уреди на ИФА 2017

Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Со 55 и 65 инчните Q8FQLED ТВ уреди со рамен екран и 43-инчниот “Frame”, премиум ТВ портфолијото на Самсунг се проширува на 14 QLED телевизори и три модели на “Frame

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd)ги представи новите QLED TVмодели со рамен екран од 55 и од 65 инчи, Q8F и 43-инчната верзија на “The Frame“рамкатана саемот ИФА 2017. Самсунг утре ќе биде домаќин на QLED и HDR10 (High Dynamic Range)Самитот, на кој ќе се говори за напредувањето на “quantum dot“ (QLED)екраните и развојот на целосниот потенцијал на HDR10 / HDR10 + екосистемите.

Q8F-TV рамниот екран е верзија на претходно претставената ТВ линија со заоблен екран Q8C. Самсунг ја проширува својата QLED TV линија во Европа, затоа што настојува да ја зацврсти водечката позиција на глобалниот пазар на премиум ТВ уреди. Новата 43-инчна верзија на Рамката е комбинација од технологија и уметност. Оваа верзија на уредот има вистинска дизајнерска вредностблагодарение на штокорисниците може да ја персонализираат ама и да збогатат помалите животни простори.

Горди сме што можеме да представиме рамна верзија од Q8 како одговор на побарувањето на европските корисници кои бараат премиум, рамен изглед и средно големи телевизори. Нашата проширена QLED TV линија и 43-инчната верзија на Рамката поседуваат иновативна технологија, како и убав дизајн.“ – изјави Санг-хо Чо(Sang-ho Cho), Потпретседател на Одделението за Визуелни уреди во Компанијата Самсунг.


Со Q8F моделот, Самсунг TV QLED 2017 линијата во Европа е проширена на 14 модели. Понудата на Самсунг, со моделите Q9, Q8 и Q7 QLED, претставува најсеопфатна линија на телевизори со големина од 49 до 88 инчи, вклучувајќи 8 рамни и 6 заоблени сетови екрани. Моделите Q8F се првите модели со рамен екран во QLED TV Q8 линијата.

Со користење на “quantum dot“ технологија, Самсунг QLED TV уредите даваат најпрецизна боја без обзир на нивото на осветленост. Оваа единствена карактеристика има сертификат„100% волумен на боја“од компанијата ВДЕ (VDE) од Германија(Verband Deutscher Elektrotechniker), глобален стандарден авторитет за сертифицирање. Невидливото поврзување на QLED телевизорите, преку транспарентен оптички кабел кој има само 1,8 мм ја елиминира заплетканоста на каблите, а “No Gap“ ѕидниот носач дозволува прикачување на телевизорот на ѕид и негово вклопување во различни простори.

Новиот 43-инчен модел “Frame“ ја дополнува “лајфстајл“ ТВ линијата, која моментално се состои од модели од 55 и 65 инчи. Преку функцијата “Art Mode“, овој модел покрај тоа што служи како ТВ уред, истовремено е и дизајнерски уред и на него може да се прикажат уметнички дела, но и лични фотографии. Преку “Frame Store Art“ продавницата, корисниците наскоро ќе можат да пристапат кон 1.000 уметнички дела од светски познатите галерии и музеи, вклучувајќи ги и “LUMAS“, “Saatchi Art“, “Sedition“и музејот“Prado“.

Моделите Q8F ќе бидат достапни веднаш по саемот ИФА, додека 43 инчната верзија на “Frame“ ќе биде достапна во Европа од октомври. Новиот Q8F е достапен по малопродажна цена од 2,599 евра (55 инчи) и 3,599 евра (65 инчи), a “Frame“ до големина од 43 инчи ќе изнесува од 1,499 евра.

Самсунг ќе ја претстави технологијата QLED и HDR10 + на QLED и HDR10 самитот, во организација со компанијата “Insight Media“. HDR10 + овозмоува беспрекорен квалитет на сликата за екраните со осветлување, боја и контраст автоматски оптимализирани за секоја сцена. На самитот детално ќе се разговара за HDR10 + динамичките мапи на тонови што секоја сцена поединечно ја подобруваат на начин што секоја слика како и боја кои се живописни им овозможуваат на гледачите да уживаат во содржината баш онака како што режисерот и актерите посакувале.

На истиот самит ќе се зборува и за партнерството на Самсунг со компаниите “20th Century Fox“и“Panasonic Corporation“. Ова партнерство има за цел создавање на отворена платформа со динамички метаподатоци за HDR10 + која ќе функционира без нагоградби. Трите компании ќе основаат здружение за издавање лиценци во јануари 2018 година и ќе понудат бесплатни метаподатоци на компаниите за содржини, UHD TV, Blu-ray плееритеи произведувачите на сет-топ бокс, како и добавувачите на SoC (System on Chip).

Нашата цел е на корисниците секогаш да им обезбедиме најдобро можно гледачко искуство со помош на најновите технологии и иновации. Со нашата најнова HDR10 + технологија и QLED TV, се надеваме дека ќе го подобриме квалитетот на сликата со побогати бои и подлабок контраст кој е лесно достапен на корисниците преку различни содржини. – изјави Јонгсук Чу (Jongsuk Chu), Сениор Подпретседател на Одделение за визуелни екрани во компанијата Самсунг Електроникс.

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“