25 Април, 2024
0.0261

Samsung продава рециклирани „Galaxy Note 7“ телефони

Објавено во: Стил 02 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics соопшти дека повлечените телефони „Galaxy Note 7“ ќе бидат рециклирани и дека од наредната недела ќе се најдат во продажба.

Во соопштението се наведува дека „Galaxy Note FE“, претходно повлечените телефони кои во себе имаат некористени делови, во петок ќе бидат во продажба по цена од 611 долари, што е околу три четвртини од оригиналната цена.

Еден од најскапите модели на Самсунг „Note 7“ пред околу година дена два пати е повлекуван од продажба поради извештајот дека батериите се подложени на прегревање и палење.

Воздухопловните служби ширум светот ги забраниле тие телефони на летовите и Samsung потрошил милијарди долари на повлекување телефони и поправки. Самсунг за проблемите со батерии го обвини дизајнот и производството.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти