24 Април, 2024
0.0273

Сапуницата за „Макпетрол“: Од кого се брани менаџментот со 2,77 милиони евра?

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Сапуницата за „Макпетрол“: Од кого Јосифовски ќе се одбрани со 2,77 милиони евра?

Одбележуваме прв роденден од јавната објава за намера на англиската компанија „Балкан Петролеум Холдинг“ Лимитед (БПХ) дека сака да го превземе „Макпетрол“. Досега не стигнаа до јавна понуда, но процесот е активен и не е запрен. БПХ во ЦДХВ има депонирано околу 60.000 евра за административни трошоци за постапката за јавна понуда, КХВ не смее да објави до каде е постапката заради законски ограничувања, а дознаваме дека се проверува дали лицата кои би биле вклучени во превземањето имаат криминални досијеа или проблеми со закон и какво е потеклото на капиталот за превземање.  Другата страна не го спушта гардот: деновиве акционерите на „Макпетрол“ го прифатија предлогот на Јосифовски и поголем дел од добивката наместо во дивиденда или нови инвестиции ќе ги чуваат за сопствен откуп на акции!!!

Една година по објавата на намерата за превземање на „Макпетрол“ од британската компанија БПХ досега нема ништо конкретно. Единствено пазарната цена на таа акција досега порасна од 17.000 денари допре 30.849 денари за акција и сега се тргува на цена од 28.000 денари. Ова значи дека пазарот односно инвеститорите сепак се „на штрек“ и очекуваат дека можеби и може да се случи нешто со намерата на британската компанија која беше заинтересирана да го превземе „Макпетрол“. 

За потсетување, лани на 9 јуни како гром од ведро небо на Македонската берза беше објавена информација за намера за превземање на „Макпетрол“ од страна на БПХ Лимитед во која, согласно со Законот за превземање АД, беше објавена и цена од 25.908 денари за акција. По објавата, пазарната цена на акцијата почна да расте, а „Макпетрол“ од тогаш до сега значајно го подобри своето финансиско работење кое финализираше со одлука за распределба на дивиденда од 900 денари нето по акција. Во тој период заинтересираните купувачи од причини само за нив познати одбраа партнер од брокерската фела кој немаше т.н. „големо овластување“ односно според нашите закони не можеше да организира превземање. Тогаш нивниот партнер почна потера по брокераите со големо овластување и успеаја да најдат куќа, но изгубија време. Воедно намерно или од незнаење на партнерот не им беше кажано дека ќе мора да побараат мислење односно одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) која треба да утврди дали концентрацијата на „Макпетрол“ на домашниот пазар за малопродажба на нафтени деривати дозволува да има превземање. Откако доставија официјални документи во Комисијата за хартии од вредност (КХВ)  и до КЗК излезе дека има пропусти во процесот и дека се потребни дополнувања. Тоа значајно го развлече процесот. Откако КЗКЗ соопшти дека процесот е вратен наназад и КХВ соопшти дека во моментот процесот е таен, за што „Фактор“ веќе пишуваше. Заради тие многубројни пропусти постапката се одолговлече и сега одбележа една година од своето започнување.

Што е ново во процесот со јавната понуда за „Макпетрол“?

Во меѓувреме излегоа на виделина нови моменти од кои може да се заклучи дека процесот не е запрен иако има значајно доцнење во постапката што потенцијалниот превземач ја тера пред надлежните државни органи.

Прв факт, во годишниот извештај на Централниот депозитар за хартии од вредност за 2016 година во едно од објаснувањата може да се најде информација за депозитна позиција која е на износ од околу 60.000 евра што се средства кои се потребни за подготовка на постапка за превземање. Тие средства БПХ ги уплатил на ЦДХВ наменети се за првземање и нив во својот биланс ги води оваа компанија.

Втор факт, на последното акционерско собрание на „Макпетрол“ раководството предводено од Андреа Јосифовски предложи, а акционерите предводени од ОИЛКО (во кој Јосифовски е втор по големина акционер) прифатија безмалку половината од добивката да ја насочат за откуп на сопствени акции. Така според одлуката за распределба на добивката одвоени се 171 милиони денари за откуп на сопствени акции со право на глас до износ од 10 отсто од главницата. По сегашната цена тие пари одвај да ќе стигнат за половина од 10 отсто од главницата. Втора по големина ставка на која е наменета добивката е дивиденда и тоа во износ од 112,4 милиони денари. Од другите пет ставки малку се издвојуваат две од кои една е за исплата на вработените и изнесува 35 милиони денари и уште 30 милиони денари за покривање на загуба од претходни години. Тоа што најголем дел од добивката се чува за откуп на сопствени акции значи дека на раководството на компанијата му е јасно дека постапката со јавната понуда не е запрена, процесот не е прекинат и затоа мора да имаат варијанта за одбрана. Само на малите акционери изгледа не им е јасно дека менаџментот со нивни пари сака да ги брани своите фотељи во „Макпетрол“. Исто така факт е дека во изминатиов период (од објавата на намерата наваму) ОИЛКО и неколку раководни лица купуваа акции во „Макпетрол“. Што исто така оди во прилог на тоа дека раководството внимава на својот гард во однос на потенцијалното превземање.

Трето, неофицијална информација која потврдува дека процесот е активен е тоа што податоците за потенцијалните превземачи се препратени до надлежни инстанци во МВР и други надлежни институции кои го испитуваат „бекграундот“ на лицата кои се номинирани во процесот за превземање како и за компанијата БПХ и нејзини поврзани друштва со цел да се утврди потекло на пари со кои би се дава понудата за превземање на „Макпетрол“. Веродостојноста на оваа неофицијална информација особено наоѓа поткрепа во фактот што „Фактор“ веќе го објави, а тоа е следново: БПХ е компанија регистрирана во Англија во многу краток период пред да биде објавена намерата за превземање. Директор на компанијата е извесен Васили Евдокимов, роден 1957 година со британско државјанство. Фирмата е основана со влог од 1.000 евра во 1.000 акции. Сопственик на БПХ Лимитед е кипарската фирма Даволиа Холдингс Лимитед регистрирана во Лимасол, главниот град на Кипар.

Што и да биде нека биде ама „Макпетрол“ за ОИЛКО ќе даде!

Акционерите на „Макпетрол“ одобрија предлог одлука во која нивната компанија на ОИЛКО ќе купи услуги и стоки во износ од 369,7 милиони денари (над 6 милиони евра) од кои наголем дел се услуги за транспорт во износ од 336,4 милиони денари. За транспортот на горива за бензинските пумпи низ земјава „Макпетрол“ на ОИЛКО ќе му наплати за гориво 85 милиони денари, а за три други деловни активности ќе му наплати уште 38 милиони денари. Вкупно 2 милиони евра. Тоа значи дека од меѓусебната размена ОИЛКО е добитен 246,7 милиони денари односно 4 милиони евра.
Андреја Јосифовски е претседател на Управниот одбор во „Макпетрол“ и физичко лице со најмногу акции во ОИЛКО таму поседува 15 отсто од управувачките права. „Макпетрол“ е најголем поединечен акционер во ОИЛКО и има 35,6 отсто од управувачките права. Јосифовски и на „Макпетрол“ заедно секогаш се добитна комбинација при гласање на собрание на ОИЛКО. Од друга страна ОИЛКО со своите 23 отсто од гласовите е суверен во одлучувањето во „Макпетрол“. 

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава