29 Март, 2024
0.0267

Сара Горди четириест минути танцуваше пред скопската публика

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Вчера на 21 октмоври на малата сцена на МОБ скопската публика имаше извонредна шанса да ужива во перформансот на Сара Горди. Сара е 39 годишна танчерка и актерка од Лондон. Но, што е толку посебно за Сара? 

Сара е исто така девојка која има Даун Синдром, состојба која не ја сопира секојдневно да ги руши бариерите и стереотипите. Прку танцот и глумата во рамките на вчерашниот настан „Пoчетни услови: вечер со Сара Горди“, Сара во 40 минути успеа да допре многу сензитивни теми како што се прифаќањето на лицата со попречност, сексуалноста и себе изразувањето. Сара воедно  е дел од Culture Device Dance Project -иновативна, експериментална и oригинална компанија за професионални танчери со Даунов синдром. Компанијата користи техники на импровизација и експериментални електронски звуци во обидот да помести граници во полето на современа кореографија и да понуди професионална, уметничка и креативна платформа за танчери со Даунов синдром.

По прекрасниот настап на Сара во МОБ, присутните ја продолжија забавата во кафулето Шот Бар во Безистен. Таму кореографот на Сара, Даниел Вајс, во соработка со здруженијата Инлузивни решнија и ЦМД Крик го покажа концептот на танчувачко караоке. Кароке, каде место песна присутни бираат да изведат танц и да покажат што умеат и знаат.

Цела вечер претставуваше еден огромен чекор кон инкузијата на лицата со попречност, па затоа се надевамe дека и вашиот медиум ќе го проследи овој настан и ќе ни помогне во борбата за целосно прифаќање на овие лица.

Уште едно потсетување дека денес во 12 часот исто така ќе има и танц работилница во Јавна соба.

Повеќе информации за настанот можете да добиете кајРосица Колева на тел. 070 390 576,  е- маил: koleva.rosica@gmail.com или Марија Матовска на тел. 078/824 – 824,  е-маил: marija.matovska@gmail.com.

Настанот е во организација на здружението Инклузивни решенија- Скопје, а со финансиска помош од здружението Јохан Штраус.

Линк од здружението: https://www.facebook.com/inclusivesolutionsskopje/?fref=ts

Повеќе за проектот Culture Dance: http://www.culturedevicedanceproject.com/en/home

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија