25 Април, 2024
0.0288

Сарачини: УСАИД значаен долгогодишен партнер на македонскиот економски развој

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Зголемена конкурентност на приватниот сектор, индустриска политика, развој на мали и средни претпријатија, одржлив економски развој, повеќе инвестиции, подобрена грижа и услуги за вложувачи, подобра извозна промоција, јавно-приватен дијалог, развој на иновативност, знаење, соработка на бизнисот и науката, се областите за кои Македонија бара поддршка од УСАИД како нејзин значаен, долгогодишен партнер.

Ова денеска во Вашингтон и го пренесе министерот за економија Ваљон Сарачини на Пејџ Александер од УСАИД, одговорна за Европа и Азија.

Сарачини изрази интерес за реализирање нови инвестициски проекти за економски развој, бидејќи, како што рече на средбата, пред Република Македонија се наоѓаат многу предизвици за обезбедување одржлив развој и конкурентна економија.

- Република Македонија има донесено повеќе стратегиски документи кои ја креираат развојната рамка. Но, добредојдена ќе биде поддршката за нивна имплементација, како и за спроведување политики и стратегии кои се на највисоко ниво и јасно ја поставуваат визијата за развој, како Индустриската стратегија, стратегиите за развој на мали и средни претпријатија, за извозна промоција, за иновации, за енергетска ефикасност, за туризам, истакна Сарачини.

Во текот на разговорот тој и Александер искажаа задоволството од досегашната успешна, плодна повеќегодишна соработка во рамки на заедничките проекти кои имаа за цел подобар економски развој на Република Македонија, од евидентниот напредок на нашата земја во создавањето поволна деловна клима, како и од конкурентноста на приватниот сектор што го потврдија „Дуинг бизнис“, Светскиот економски форум и позитивните оценки од други меѓународни институции.

Министерот Сарачини заедно со останатите членови на македонската делгација што ја предводи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, денеска во Вашингтон присуствуваше и на годинашниот Молитвен појадок под покровителство на американскиот претседател Барак Обама.

Попладне, Сарачини и претседателот на Собранието Вељановски треба да се сретнат со претседателот на Албанско-американскиот национален совет Авни Мустафај

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди