25 Април, 2024
0.0282

Сарачини:Антикризните мерки ги намалија последиците од европската криза врз македонската економија

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Сите случувања неминовно се одразуваат врз нашата мала и отворена економија од која 65% од извозот е насочен кон земјите од Европската унија, а индиректоно дури 90% што не прави целосно зависни од европскиот пазар, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини на предавањето на тема „Светска економска криза, историја, причини и мерки“ што денеска се одржа на Економскиот факултет во Скопје. „За намалувањето на негативното влијание на економската криза врз македонската економија Владата во континуитет презема антикризни и превентивни мерки. Македонија ја одржа макроекномомската стабилност и во услови на големи турбуленции на светскиот пазар, а голем придонес во тоа имаше фискалната дисциплина што не беше случај со многу други европски земји... Инвестициите и извозот ќе бидат главните извори за раст на македонската економија во 2013 година“, рече Сарачини. Според него, со буџетски дефицит од 2,5% и јавен долг од 33% од БДП, Македонија е најниско задолжена земја во Европа. „Преземавме четири пакети антикризни мерки и дополнителни мерки за поддршка на економијата како кредитот од ЕБЦ во износ од 250 милиони евра за подобрување на ликвидноста на малите и средните претпријатија. Воведовме специјални програми за вработување и самовработување, а беше поддржано и земјоделството со субвенции од 130 милиони евра“ истакна министерот за економија. Германскиот експерт Петер Рахман рече дека е нормално ефектите од глобалната економска криза и европската должничка криза да се одразат на македонската економија. „Економиите на Германија и на Македонија се тесно поврзани така што она што има економски влијанија во Европа има свои влијанија и во вашата земја. Јас сум оптимист дека европската криза ќе се надмине бидејќи земјите се здружија за зедно да ја пребродат. Секако дека тоа ќе потрае, но секогаш на крајот на тунелот има светло“, рече Рахман. Посочи дека е тешко да се каже кога ќе се врати кондицијата на стопаството во еврозоната и додаде дека смета оти кризата е повеќе од половина надмината, со исклучок на Грција, Шпанија и Португалија каде е особено тешко зашто, како што рече, тие треба да ја приспостобат и својата реална економија. „Мојот оптимизам за надминување на кризата се темели на тоа што сите земји, па и најзагрозените покажаа заложби за нејзинот надминување... Во одредени ситуации државата треба да ја поттикне економијата. Германија тоа го направи во 2008 и 2009 година со што прилично брзо ја надминавме кризата. Тоа не значи дека сме за постојано управување на конјуктурата“, рече Рахман. Професорот Таки Фити како најпозитивна владина антикризна мерка ја оцени кредитната линија обезбедена преку Европската инвестициска банка што се пласираа во стопанството преку Македонската банка за поддршка на развојот. Нагласи дека во услови на криза е дозволено зголемување на буџетски дефицити и на јавниот долг. „Не е проблем дефицитот кај нас од 2,5 до 2,8 или 3,5 отсто како што е сега, туку негвата намена и зошто се  трошат средствата кои во добар дел се потрошија непродуктивно...На Македонија и се неопходни инвестиции во патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и енергетиката. Тоа е она што силно може да ги намали трошоците на работењето на фирмите и да ја подобри бизнис климата“, рече Фити. Македонскиот банкарски сектор, нагласи, во 2008 година ги почувствува првите негативни последици од кризата кои се  однесуваа на стагнација на депозитите и инцидентно повлекување на депозитите во евра, бидејќи луѓето беа исплашени од кризата на еврозоната и еврото. „Кризата се среди за еден месец и откако банките покажаа висока ликвидност и редовно ги враќаа депозитите граѓаните самите ги вратија  парите повторно. Тоа зборува дека нашиот финансиски систем, поканкретно банкарскиот е добро капитализиран, високоликвиден, добро структуиран и дека нема посебни проблеми особено од аспект што немаме токсични банкарски производи кои беа една од главните причини за европската должничка криза“, рече Фити. Во реалниот сектор, додаде, проблемите дојдоа преку надворешно трговската размена. „Во 2008 година вкупниот македонски извоз  беше 3,9 милијарди американски долари, а веќе следната 2009 година само 2,7 милијарди што е ефект од кризата со која се намалија нашите ножности за извоз особено во Грција, Германија и Италија. Вториот проблем беше лоша перцепција на регионот заради близината на Грција поради што се намалија приливите на капитал, порфолио инвестициите  се повлекоа, а странски директни инвестиции имаше многу малку“, рече Фити Предавањето беше во рамки на проектната област Соработка на бизнисот со науката како дел од Проектот „Стопанска соработка на покраината Рајланд Фалц со Југоисточна Европа“, финансиран од Германското сојузно министерство за стопанска соработка и развој и Министерството за економија, климатска заштита, енергија и просторно планирање на покраината Рајланд Фалц, а во соработка со Занаетчиската комора на Македонија и Економскиот факултет од Скопје.  

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија