Саша Богдановиќ наместо Жерновски ќе се кандидира во општина Центар
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017
Саша Богдановиќ кој досега ја вршеше функцијата директор на јавното претпријатие ПОЦ ќе биде кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за општина Центар.
Богдановиќ ќе се кандидира на местото на Андреј Жерновски кој не доби партиска поддршка да се трка за втор мандат во општина Центар поради незадоволството кое се собираше во последните неколку години.
Жерновски ќе премине во извршната власт откако постигнал договор со Зоран Заев да не настапува како независен кандидат за што тој самиот ги собра потребните потписи.
На овој начин нема да дојде до раскол во СДСМ и нивната коалиција бидејќи Жерновски побара од неговите поддржувачи да гласаат за новиот кандидат за градоначалник.