28 Март, 2024
0.0473

Сашо Ордановски: Ова мора да заврши со формирање нова Влада

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија по непријатните инциденти во четвртокот - бевме сведоци на едно типично киевско сценарио, се ова беше организација на тајната полиција и на специјалците кои требаа и да ја чуваат зградата на Парламентот, а исто така беа дел и од лицата со фантомки кои имаа задача да тепаат пратеници, вели Сашо Ордановски за Фактор:

Сепак, операцијата не успеа, напортив се распадна на половина..Тоа предизвика внимателност кај претседателот, кој требаше да распише вонредна состојба.. Реакциите беа жестоки и од домашната и од меѓународната јавност и големиот број на луѓето, можам да кажам дека и голем дел од членството на ВМРО ДПМНЕ се против ваквите крвави сценарија. Секако, после смената на Митко Чавков кој е прв човек на униформираната полиција, после истрагите кои ќе следуваат, ќе стане јасно кој се учествувал во немирите, уште повеќе што има индикации дека дел од луѓето под маските и не биле граѓани на Македонија, но да оставиме истрагата што ќе покаже..

Претседателот Иванов сам себе си се дефакторизираше. Тој имаше уставна улога, но неколку пати го прекрши Уставот. Сите ја одбија неговата идеја за лидерска средба, освен Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ. Неговата политичка тежина оддамна е многу мала, а бидејќи Иванов неколкупати го кршеше Уставот, се очекува сега тој да биде ставен на маргините од сите, се разбира освен од ВМРО ДПМНЕ. А, што се однесува до ВМРО ДПМНЕ, претпоставувам дека сега тие пак ќе бидат бучни, но не мислам дека состојабата може да ескалира како што беше во четвротокот..Уште повеќе што ВМРО ДПМНЕ како партија е во длабока криза, бидејќи голем дел од врвот на партијата е заглавен во криминали и најверојатно партијата ќе мора да расчисти со таквите луѓе.

ЕУ засега направи се што требаше, испрати остри пораки кон ВМРО ДПМНЕ, кон Груевски и Иванов, но мене ми се чини дека сега не е се во рацете на ЕУ, туку сега се вклучени и одредени безбедносни структури со регионални интереси и мислам дека резултатот од нивните притисоци сега ќе ја стабилизираат состојбата. Сметам дека целата ова состојба мора да заврши со формирање нова влада..


Можеби ќе ве интересира

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6