Саудијците пресретнаа ракета, нема загинати
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
Противвоздушната одбрана на Саудиска Арабија вчера кај главниот град Риад пресретна ракета од Јемен.
Државната телевизија Ал Екбари пренесе дека ракетата е соборена северно од аеродромот Крал Калед. Нема повредени и не е направена штета.
Саудиската противвоздушна одбрана досега неколку пати пресретнувала ракети, истрелани од Јемен.
Соседната земја од август 2014 година е зафатена од граѓанска војна меѓу силите на меѓународно признатата влада и шиитските бунтовници хуси.
Во март 2015 година сунитска коалиција на чело со Саудиска Арабија се вмеша во конфликтот во земјата на страната на владините сили против поддржаните од Иран бунтовници.
Над 10.000 цивили, меѓу кои скоро 2.400 деца и околу 200 жени, се убиени во Јемен од пролетта на 2015 година според податоците на јеменскиот Центар за права и развој.