29 Март, 2024
0.0246

Саудиска Арабија ќе „соработува“ во екстракција на нафта, не предлагала попуст

Објавено во: Анализа, Економија 01 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Ирак би прифатил решение на ОПЕК и земјите надвор од организацијата за ограничување на екстракција...

Саудиска Арабија сака да соработува со други производители на нафта со цел поддршка на пазарот, соопшти саудиската телевизија „Al Arabiya“ во неделата, повикувајќи се на анонимен извор од кралството.

Изворот изјавил исто така дека Саудиска Арабија не е изворот на предлог за намалување на приносот, за што соопштија од Русија.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави во четвртокот дека Саудиска Арабија им предложила на земјите извознички на нафта да го намалат производството со до 5%. Тоа би бил првиот глобален договор за ограничување на обилното снабдување и поддршка на паѓање на цените повеќе од една деценија, пренесува CNBC.

Новак коментирал пред новинарите исто така, дека има предлог за средба меѓу членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и земјите надвор од организацијата, и дека Русија е подготвена за оваа средба.

Засега Саудиска Арабија издржа на притисокот од други земји од ОПЕК да го намали производството, но наместо тоа треба друга стратегија, која ќе им овозможи на цените на нафтата да паднат до нивоа кои веројатно ќе исфрлат од пазарот конкуренти како американските компании за нафта од шкрилци .

Веројатноста кралството на крајот да отстапи ги поддржа цените на „црното злато“ во петокот. Цените на нафтата од типот „брент“ со испорака во март ја завршија сесијата на цена од 34,74 долари за барел, или зголемување од 2,5%. На 20 јануари цената падна на 27,10 долари за барел, што е најниско ниво од ноември 2003 година. Цената на американската лесна сурова нафта пак се зголеми за 1,2% до 33,62 долари за барел.

За време на почетокот на тргувањето во неделата берзата во Саудиска Арабија запиша силен раст, воден од компаниите од нафтениот сектор.

Експертите се скептични кон изјавите од Русија, а голем број медиуми објавија материјали во кои анонимни извори од Саудиска Арабија го отфрлаат тврдењето дека предлогот за намалување на приносот со 5% доаѓа од кралството.

Во саботата „Arabiya“ соопшти дека Венецуела им предложила средба во февруари на извозниците на нафта, на која да се разгледаат мерки за поддршка на цените. „Arabiya“ соопшти исто така, дека друга нафтена земја - Ирак, би донела одлука на ОПЕК и земјите надвор од неа за ограничување на родот.

„Ирак ќе се согласи и да соработува, ако производителите навистина сакаат да соработуваат за намалување“, изјави ирачкиот министер за нафта Адел Абдул Махди пред новинарите во Багдад, цитиран од Arabiya.

Во меѓувреме Ројтерс објави дека висок функционер од нафтениот сектор на Иран изјавил пред новинската агенција Shana дека земјата планира да го зголеми капацитетот за екстракција на сурова нафта со 160 илјади барели на ден, откако ќе завршат два проекти за проширување на нафтени наоѓалишта на крајот на февруари.

Веројатноста Иран да почне да извезува нафта по елиминацијата на меѓународните санкции против земјата долго време им тежи на цените на суровините.

Обработка: И.С.- Извор: Ројтерс

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот