25 Април, 2024
0.0360

СБ:Излезот од кризата нема да биде брз, потребни се реформи на Западен Балкан

Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

„Светска банка како и досега ќе прави се што е во нејзина моќ да им помогне на државите од Западен Балкан да се соочат со постоечката економска криза, но излезот од таа ситуација нема да биде брз, а ќе зависи како од траењето на кризата во еврозоната, така и од спроведувањето на реформите кои треба да поттикнат економски раст,“ изјави Абебе Адугана, главен економист на Светска банка за Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Според него под влијание на продолжената криза во евозоната, опоравувањето на економиите нема да биде брзо. „Опоравувањето во голем дел зависи од тоа колку брзо еврозоната ќе се опоравува, а исто тка зависи и од тоа што владите на земјите од регинот работат“ вели Адугана во изјавата за Дневни аваз, посетувајќи дека сегашната криза започна уште во 2008 година и земјите од Западен Балкан се меѓу оние кои се најтешко погодени од овие случувања. „Ја зголемивме поддршката на земјите во регионот во вид на поголеми финансиски средства, но и совети за тоа како најдобро можат да се соочат со непоправливиот надворешен амбиент,“ потенцира економисистот на Светска банка во изјава за босански „Дневни аваз“. Според последните проекции на Светска банка, македонската економија годинава ќе порасне за само 1%. Инаку, банката ја ревидираше проекцијата од 2% на 1% како резултат на зголемите ризици за намалување на извозот поради европската криза и одложувањето на дел од најавените странски инвестиции. Според прогнозите во последниот извештај, во 2014 Светска банка проектира пораст на македонската економија од 2,5%, додека во 2015 година растот се очекува да биде 3,5%.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“