29 Март, 2024
0.2858

СДСМ и ДУИ ја рушат БЕСА преку ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Анализа 25 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

СДСМ и ДУИ се обидуваат што е можно повеќе да ја зацврстат својата коалиција која се чини дека е создадена на искрена основа за меѓусебна помош па така ќе сторат се за да победат во општините каде имаат заеднички кандидати без да му дозволат на речиси поразениот противник било каков простор за камбек. Тоа значи и дека членовите на СДСМ мора да се вклучат што е можно поактивно во разгорената војна меѓу БЕСА која само се засили откако со движењето на Билал Касами коалицираше Алијансата за Албанците на Зијадин Села. 

Членови на СДСМ кои се екстремно почитувани меѓу албанското население како Мухамед Зеќири целосно ја прифатија потребата да ја помогнат коалицијата и да лансираат напади врз БЕСА каде е главниот фокус за ДУИ, многу повеќе отколку кон Алијансата за Албанците. 

Партијата на Села каде членува и Таравари засега не ги доби сите можни удари од СДСМ освен што на фин начин Заев им порача дека подобро е да работат како пратеник и министер за здравство отколку како градоначалници. Со тоа се покажа дека владината коалиција СДСМ, ДУИ и АА не е мртва, но не дава ниту многу знаци на живот со шпекулациите дека по локалните избори ќе биде прекината и ќе се бара нов владин партнер. 

Таквите комбинаторики се барем во оваа фаза тешко предвидливи бидејќи ниту ДПА не е премногу среќна веднаш да влета во рацете на Ахмети, човекот кон кого упатуваа бројни жестоки критики изминатите години како негови главни опозиционери, но можни се нови изненадувања.

Затоа СДСМ оди на сигурно и дава придонес во битката против БЕСА што засега за нив е најисплатлива опција. Така Зеќири како и останатите активисти на СДСМ ја обвинуваат БЕСА за директна, но скриена соработка со ВМРО-ДПМНЕ, со нејзините пратеници и кандидати за градоначалници со кои имаат заеднички интерес во вториот круг во повеќе општини како Бутел, Чаир, Тетово, Гостивар, Струга иако главната битка за која се шпекулираше дека има неофицијален договор за коалиција во град Скопје заврши уште во првиот круг без можност Трајановски подоцна да добие нови гласови.

Некогаш меѓу СДСМ и БЕСА постоеја добри односи, особено за време на Шарената револуција, но партијата на Касами одби да влезе во Владата на Заев и остана на зацртаниот пат против Ахмети кој пак, и натаму има голема поддршка од албанските гласачи без оглед што речиси 10 години му беше владин партнер на Груевски.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот