28 Март, 2024
0.0582

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се кошкаат: Едни бараат мандат, другите нови избори

Објавено во: Македонија 24 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Двете вечни ривалски партии СДСМ и ВМРО продолжуваат со дневните препукувања. И двете партии остануваат на ставовите кои ги истакнуваат секојдневно.

СДСМ бара мирен трансфер на власта, од ВМРО ДПМНЕ пак бараат нови избори за излез од кризата.

Собранието брзо ќе ја избере новата реформска Влада на Република Македонија, велат од опозицијата.

Тие порачуваат дека никој нема право да ја спречи демократски изразената волја на мнозинството на граѓаните на избори а како и досега обвинувања на адреса на владеачката партија за кризата во земјава и богатење на грбот на граѓаните.

„Граѓаните избраа промени и избраа да ги водат сериозни политичари коисе грижат за интересите на луѓето и на државата, наспроти политиките на криминалците од раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои за заштита на своите богатства и одговорност, се обидуваат да ја турнат земјата во длабока политичка криза и изолација.

СДСМ внимателно како и досега ги води политичките процеси што водат кон реализација на мнозинската волја на граѓаните“, соопштуваат од партијата на Заев.

Тие посочуваат дека има демократски формирано парламентарно мнозинство. Има Програма на новата Влада што ја штити унитарноста на државата и ги обезбедува потребите на сите граѓани, а бараат Ѓорге Иванов да овозможи мирен трансфер на власта.

Наспроти овие тврдења од партијата на ВМРО ДПМНЕ велат дека остро се спротивставуваат на реализација на Тиранската Платформа, бидејќи сметаат дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси. 

„Впрочем ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава. 

СДСМ очигледно оваа Тиранска Платформа ја има прифатено штом молчи и не ја одбива во целост. Затоа СДСМ има потреба да бара од одредени политичари да бидат нивни портпароли, кои со своите изјави ќе ја релативизираат Тиранската Платформа и елементите во неа, кои ќе манипулираат и ќе ја лажат јавноста“, потенцираат од ВМРО ДПМНЕ.

Тие уште еднаш го повторуваат ставот дека се потребни нови парламентарни избори.

„Изборите се најдобрата дебата која Зоран Заев може да ја направи за Тиранската Платформа и елементите содржани во неа. Доколку смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат“, дополнуваат од партијата на екс премиерот.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија