СДСМ: Интерпелацијата за Алаѓозовски е да се сокрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 12 Август, 2017
Поднесената интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски, само докажува дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи ниту за културата, ниту за граѓаните, туку единствено се грижи за сокривање на деценискиот криминал што раководството на таа партија го правеше, особено со проектот „Скопје 2014“. ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот Скопје 2014, додека вистинското културно наследтво беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа, велат од партијата на власт.
„Залудни и очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни интерпелации да ги закочат рефомите и да го прикријат криминалот и злосторот што го вршеа врз културното наследство. Наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикуваше со години, министерот за култура и министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата што носат напредок и заштита на културната дејност“, се наведува во соопштението.