24 Јануари, 2018
0.5159
    ALK 7791.42    1.09%     FERS 56000    0%     GRNT 830    0%     KMB 3089.5    0.29%     MPOL 255    -9.65%     MPT 28001.2    -2.96%     MTUR 4282    2.98%     OKTA 3420    6.88%     RMDEN16 94.5    0%     SBT 2100.85    1%     STIL 150    0.14%     TNB 13299.91    0.54%     TTK 998.57    2.55%     ZPKO 2706.43    0.24%

СДСМ ја укина наградата за денот на „ВМРО“

Објавено во: Анализа 04 Октомври, 2017

Новата Влада нема повеќе да ја доделува наградата 23 октомври или популарно наречен Денот на ВМРО. Новиот државен празник беше воведен од претходното владино раковдство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се одбележи формирањето на Македонската револуционерна организација, како и вековната борба на македонскиот народ за своја држава, посебност, јазик и култура, но наместо да создадат ден за обединување добија критики дека воспоставиле партиски празник.

- Министерството за култура на седницата на владата достави информација на усвојување со која предложи оваа година да не биде доделена наградата „23 октомври“. Владата го усвои предлогот врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот ѝ завршил во февруари оваа година и дека претходната влада не покренала постапка за формирање нова. Заради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување на кандидати за оваа награда, соопштуваат од Владата по одржувањето на вчерашната седница.

Ваквото објаснување можеби служи како совршен изговор на СДСМ повеќе да не доделува државни награди на луѓе од различни области како во минатите години, но и не направи ништо за да не дојде до откажување на наградата 23 октомври. 

Постапката можеби е оправдана и законска но, не води кон помирување меѓу двата најголеми политички субјекти, покажува знак на реваншизам и терање инает. Денот на ВМРО треба да ги обедини сите македонски граѓани бидејќи таа борба не смее да и се препише само на една партија која се обидуваше да создаде монопол како од името на организацијата, така и на нејзините идеали. 

Дури и ако изминатите години наградата 23 октомври одеше во раце на личности блиски до партијата ВМРО-ДПМНЕ тоа можеше да биде сменето годинава со избор на нови заслужни граѓани.

Од друга страна пак, СДСМ испушти шанса да покаже дека е над меѓупартиските проблеми и да покаже државнички манири.


Можеби ќе ве интересира

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Како Владата ќе ја оцени „петката“ на Нимиц?

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Владата ќе ја оценува „Рамката“ на Нимиц

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Што чека ВМРО-ДПМНЕ за да се вклучи во консензус за името?

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари

Нимиц со терминот „Македонија“ за решението ги побесна грчките десничари