19 Април, 2024
0.0429

СДСМ КОНТРА МЗШВ: Каде завршувале парите преку програмата за рурален развој?

Објавено во: Агробизнис 18 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Повторно опозицијата му контрира на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овој пат членот на Извршниот одбор на СДСМ ја обвини власта дека не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали.

„Скандалозно е што парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и достават Записник.Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој била должна согласно закон пред да исплати пари, да ја утврди состојбата на терен. Ревизорот јасно констатира дека не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата што е нова можност за злоупотреби - едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен“, тврди Никловски.

Николовски додава и дека ревизорот предочува дека е можно за едни исти проекти да биле исплатени двојно пари, односно постоел ризик за двојно финанисрање на проекти кои се веќе финансирани од други извори и институции !

„Кои се тие лица или фирми што добиле бизниси за чистење канали во земјоделството и се чувствувале толку сигурни и моќни за да им бидат исплатени суми, без да подлежат на контроли и процедури според законите?!Фактите водат кон послушници на Никола Груевски“- запраша Николовски.

Од Министерството за земјоделство пак очекуван демант стигна на адреса на обвинувањата на Љупчо Николовски.

„Иако од Платежната агенција одговорија дека „главните забелешки се корегирани за што сведочи и изјавата на Главниот државен ревизор; дека во ниеден дел од извештајот не е наведено дека средствата се исплатени неправилно, незаконски и не е наведена сума на злоупотребени средства; како и тоа дека Агенцијата работи согласно важечките законски и подзаконски прописи и акти, што е потврдено од страна на сите досегашни ревизии извршени од Европската комисија, надворешните независни ревизии, како и од страна на државниот ревизор“, Николовски вчера повторно со желба да се слика и појавува во јавност, зборуваше за наводно сомнително исплатени 3 милиони евра преку Програмата за рурален развој“, пишува во демантот на министерството.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари