18 Април, 2024
0.0258

СДСМ: „Курирските“ медиуми на суд за клеветите против нас и СЈО

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

СДСМ најави покренување на правни процедури против сите телевизии и портали кои го оцрнуваат нивното име лажејќи дека партијата е поврзана со СЈО. Опозициската партија тврди дека се води црна медиумска кампања за дискредитација на Катица Јанева, но и за клеветење на СДСМ.

„Курирските медиуми повторно одработуваат за власта на обвинетиот Никола Груевски пласирајќи шпекулации кои немаат апсолутно никаква врска со вистината. Намерите им се да го дискредитираат СЈО зашто знаат какви криминали правеле и знаат дека правдата ги стига. Со објавување наслов кој на никаков начин не е поткрепен во текстот, куририте прават тешка клевета за наводна поврзаност на СДСМ и СЈО, и за наводно финансирање на кампањата со пари од обвинителството. Сите овие медиуми ќе мора на суд да објаснат зошто ги пишуваат овие лаги. Обвинетиот Груевски е во голема паника и како се приближува 11 декември, денот на неговиот тежок пораз, така се поочајно ги злоупотребува неговите медиумски слуги и ги тера дополнително да заглавуваат во обид да го спасат. За него нема спас, казната доаѓа!“, соопшти СДСМ.

Изминатите денови имавме можност да прочитаме голем број на скандалозни наслови со дискредитирачки, навредливи и шпекулативни наводи во медиумите кои ја критикуваат работата на СЈО и СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари