25 Април, 2024
0.0370

СДСМ: Лажни вести шири ВМРО-ДПМНЕ за да ги паничи граѓаните

Објавено во: Македонија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Од СДСМ наведуват дека е лажна вест дека ќе се градат станови за бегалци, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ и тоа во општините во кои што опозициската партија знае дека убедливо ќе загуби на локалните избори. Тоа не е точно, ВМРО-ДПМНЕ лаже.

„Лажна вест е дека се укинува зголемувањето на пензиите. Пензиониерите годинава ќе добијат дополнителни над 2000 денари на досегашната пензија, за разлика од ланските 600 денари. ВМРО-ДПМНЕ лаже. 

Лажна вест е дека ќе се враќаат сините картони, како што беше лажна вест и морбидната приказна за наводно почината девојка поради лекарска негрижа, што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно со денови ја пласираше во јавноста. Исто како што беше лажна веста дека има починато лице во пожарите, иако ниту една надлежна институција официјално не соопшти дека лицето починало во пожар“, се наведува во реакцијата..

Од СДСМ предупредуваат дека ваквите скандалозни и бесмислени лажни вести не му наштетуваат ниту на СДСМ, ниту на Владата што ја предводи. Ваквите лажни вести се против јавниот интерес и имаат за цел да шират паника, да си поигруваат со емоциите на граѓаните и со човечките судбини,

„Додека беа владејачка партија ги плашеа граѓаните со бркање од работа, апсења и насилство, а сега продолжуваат со лажни вести што од ден на ден стануваат се поскандалозни и поморбидни.Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да заработат ситни политички поени. Граѓаните се внимателни и ја препознаваат разликата помеѓу лагите, криминалот и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ наспроти домаќинското, одговорно и отчетно работење во интерес на граѓаните, од страна на Владата предводена од СДСМ, стои во реакцијата на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство