СДСМ: Лицемерно е ДПМНЕ да обвинува за партизација на државата
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017
СДСМ се спротистави на тврдењата изнесени на прес-конференцијата на Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ за партизација на државната администрација и воспоставување на режим.
- Апсурдно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски ја партизираше државата, воспостави масовна контрола врз институциите и грубо се пресметуваше со неистомислениците, денес да обвинува за партизација и режим, се вели во реакцијата.
СДСМ истакнува дека новата Влада преку рефомскиот план 3-6-9 започнала со сериозни реформи во јавната администрација во судството, медиумите и борбата против корупцијата со цел да се ослободат институциите што биле заробени.