29 Март, 2024
0.0332

СДСМ: Малата група криминалци предводена од Никола Груевски стравуваат за својата слобода

Објавено во: Македонија 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека неопходно е сите политички субјекти и поединци во државата да ја сфатат својата обврска да овозможат да се реализира мнозинската волја на граѓаните, кои избраа промени, заедништво и очекуваат нова реформска Влада.

Ваквата состојба не носи ништо добро на луѓето, освен на малата група криминалци предводена од Никола Груевски, кои стравуваат за својата слобода, но тоа не смее и нема да биде причина за блокада на државата, додаваат од партијата. 

„Граѓаните и Република Македонија имаат итна потреба од деблокирање на демократските процеси! Никола Груевски нема аргументи за политичката криза со којашто до кулминација ги загрозува егзистенцијата на граѓаните, бизнисите, мирот и стабилноста во Македонија. Да имаше што да им објасни Никола Груевски на граѓаните околу ова што го прави, немаше да ги остави неговите пратеници со апсурдни реплики сами на себе, да одат против нивното човеково достоинство и против достоинството на Парламентот. Ниту пак ќе ги оставеше граѓаните кои ги возменирува со лаги, да ги минуваат деновите сами по улиците. И се тоа додека тој се шета и крие на Малта. Има парламентарно мнозинство видливо за целата домашна и меѓународна јавност. Има и Програма на новата реформска Влада за унитарана Македонија која носи квалитетен живот за сите граѓани и евро-атлански перспективи“ - стои во соопштението на СДСМ. 

И волјата на мнозинството граѓани ќе се реализира, бидејќи тоа вистинскиот пат за Република Македонија и тоа е добрата иднина на граѓаните, наведуваат од СДСМ. 

Македонија ќе добие нова реформска Влада низ демократски процедури. Тоа е незапирлив процес, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите