19 Април, 2024
0.0695

СДСМ му одговори на Нелоски: Новата влада ги решава проблемите во образованието од минатите 11 години

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

СДСМ одговори на прес конференцијата на Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ дека новата Влада носи одлуки на штета на студентите и учениците.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години непромислено и преку избрзани, неодговорни и несоодветни проекти, предизвикуваше штети во образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни светски инситуции и организации кои образованието во Македонија редовно го сместуваа како едно од најлошите во Европа. Владата предводена од СДСМ веднаш започна да ги поправа штетите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на учениците, наставниците, професорите и образовниот систем.

Учениците се ослободени од непотребното екстерно тестирање коешто ги тероризираше и нив, и нивните наставници и родителите. Санирани се штетите од милионските долгови направени за неплатена струја во студентските домови.

Новата Влада предводена од СДСМ на барање на студентите ги активира родовите студии и студиите за безбедност и евроинтеграции коишто беа стопирани од претходната власт, а на барање на Универзитетот кое се поклопува со ставот и одлуката на Влада, нема да има дисперзирани студии, за коишто значително беше намален интересот за студирање.

Оваа година, на студентите од еднородителски семејства ќе им биде овозоможено поевтино студирање на одредени студиски програми за кои ќе плаќаат само половина од партиципацијата.

СДСМ преку Владата со која раководи продолжува ги поправа напластените проблеми во образованието оставени од ВМРО-ДПМНЕ кои 11 години работеа спротивно на интересите на учениците, наставниот кадар и граѓаните. Владата предводена од СДСМ заедно со граѓаните и експертската јавност ќе работи на темелни реформи во образованието што ќе го вратат квалитетот во образованието преку проекти кои ќе бидат во интерес на учениците, наставниците, професорите и студентите“, стои во реакцијата на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните