24 Март, 2017
0.4317
    ALKB 18510    0%     GRNT 680.02    0%     KMB 2813.41    -0.58%     NOSK 92250    0%     OHB 4950    -0.2%     RMDEN14 96    1.05%     RMDEN15 95    -0.42%     SBT 1281    -5.11%     STB 900    0%     STIL 76    1.13%     TEL 255    -2.39%     TKVS 2024    -2.97%     TNB 10802.42    -1.76%

СДСМ не прифаќа криминална Влада, ВМРО-ДПМНЕ им порачува да не си прават приказни

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017

На синоќешниот состанок Извршниот одбор на СДСМ заклучил дека земјава мора да добие влада која ќе ги решава реалните проблеми на граѓаните.

„Извршниот одбор на СДСМ на вечерашниот состанок уште еднаш оцени дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември, на коишто мнозинството граѓани на Македонија избраа промени на власта. Констатирано е дека ќе остане запаметено во политичката пракса, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас. Ставот на Извршниот одбор на СДСМ е дека Македонија мора да добие Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе почне со решавање на нивните реални проблеми. Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните“, стои во соопштението од партијата по одржаниот состанок.

Од партијата на Заев потсетуваат дека сето ова е содржано во извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе и мора да биде основа на реформските приоритети на новата Влада на граѓаните на Македонија.

„Сите партии коишто имаат освоено пратеници во Парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање Влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните и на Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

На ова реакција стигна од владечката гарнитура.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека „Граѓаните на Македонија, на изборите од 11-ти декември, јасно ја изразија својата волја и им кажаа едно големо „НЕ“, на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира Влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивни подобар живот“.

Велат дека политичарите од „криминалната групација СДСМ“, наместо да ја научат лекцијата, наместо да ги залажуваат своите членовите со разни приказни, треба да ја прифатат реалноста дека за криминал се одговара.

„Наместо патетичните соопштенија со кои Заев се уште мисли дека ги лаже членовите на својата партија дека не бил поразен на изборите, тие очекуваат одговор кога ќе го исполни ветувањето и ќе си ја даде оставката што ја вети“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Тинејџер прободел другар со нож на курс по англиски

Тинејџер прободел другар со нож на курс по англиски

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Кучиња искаса 4 годишно дете

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Кучиња искаса 4 годишно дете

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

Дали Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието?

Дали Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието?

СДСМ: Собранието и Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта

СДСМ: Собранието и Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта

ЧАДИЕВА: СЈО кошмар за ВМРО ДПМНЕ, рокот за покренување обвиненија ќе биде продолжен

ЧАДИЕВА: СЈО кошмар за ВМРО ДПМНЕ, рокот за покренување обвиненија ќе биде продолжен

Тимоние: Доколку остане статус кво во политичката криза, цената за Македонија би била висока

Тимоние: Доколку остане статус кво во политичката криза, цената за Македонија би била висока

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се кошкаат: Едни бараат мандат, другите нови избори

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се кошкаат: Едни бараат мандат, другите нови избори

СЈО ГИ ИНСПИРИРАШЕ: ТВИТЕРЏИИТЕ збеснаа по ексклузивните гаќи Мис Тифани од 500 евра

СЈО ГИ ИНСПИРИРАШЕ: ТВИТЕРЏИИТЕ збеснаа по ексклузивните гаќи Мис Тифани од 500 евра