28 Март, 2024
0.0267

СДСМ: Нема да дозволиме поединци вмешани во криминал да ја дестабилизираат Македонија

Објавено во: Македонија 25 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Недозволиво е граѓаните и Република Македонија да бидат заложници на стравовите на Груевски. Низ институциите на системот, ќе биде избран новиот претседател на Собранието и тој ќе го извести Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да му го даде мандатот на претседателот Заев, за состав на новата влада, соопшти СДСМ.

„На Македонија ѝ е потребно брзо решение на политичката криза. Нема да дозволиме поединци вмешани во криминал да ја дестабилизираат Македонија и да ги вовлекуваат во опасност граѓаните и нивните семејства...

Сите политички партии и институции мора да им отворат пат на демократските процеси во Македонија, бидејки тоа е избор на граѓаните. Домашната и меѓународната јавност очекуваат државничко однесување од страна на Собранието на Република Македонија и од страна на институцијата претседател на државата, кои мора да овозможат составување нова влада.

…Недозволиво е, Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја негираат мнозински изразената волја на граѓаните на избори, да лажат по медиумите под нивна контрола и да ги вознемуруваат граѓаните со етнички прашања што не се содржани во програмата, да поттикнуваат меѓунационална омраза и нетрпелливост, во обид за спас од личната одговорност за криминалите и злоделата вршени изминатите 10 години“, соопшти СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?