29 Март, 2024
0.0373

СДСМ обвинува за ниска цена на пченицата-и земјоделците незадоволни

Објавено во: Агробизнис 20 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Опозицијата денеска обвини за тешкотиите со кои се соочуваат земјоделците поради неможноста со  договорените 8 денари по килограм да ги покријат производните трошоци а камоли пак да заработат.

„Земјоделците се соочуваат со ниската откупна цена на пченицата и млекото, а дополнително во изминатиот период им се случија и големи штети предизвикани од град и од поплава во овој регион. Дополнително во исто време се јавуваат и лиценцирани и диви откупувачи коишто им ја откупуваат пченицата за 6 до 7 денари, а на терен слушаме дека во најава или во претпоставка дека и следните денови откупната цена на пченицата ќе биде и 5 денари!“, велат од СДСМ.

Од партијата на Заев ја прашаа Владата дали ќе се погрижи да го  сочува лебното жито во Македонија и дали воопшто за лебот во Македонија ќе се загрижи?

„Во вакви едни услови ја повикуваме државата односно ресорното Министерство за земјоделство да им излезе во пресрет на земјоделците и да најде начин да помогне во откупот на пченицата, на млекото па и на другите земјоделски производи, а што побрзо да излезе и да го заврши процесот на проценка на оштетувањата од град и од поплави што го зафатија овој регион и да ги обесштети земјоделците од овогодинешната реколта иако знаеме дека дури и во минатите години оштетувањата од град и од поплави не се исплатени“, посочија од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи