20 Април, 2024
0.0402

СДСМ со иницијатива до Парламентот бара укинување на екстерното тестирање

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците на СДСМ денеска до Парламентот доставуваат предлог измени на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање при што очекуваат по скратена постака да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.

„Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканарен проект екстерното тестирање  што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците.

Сакаме да ги заштитите учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ којашто поминуваат години наназад“, изјави пратеникот Стефан Богоев од партијата на СДСМ.

Богоев посочи дека овој проект дал  негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес.

Тој потенцираше дека новата Влада која е на повидок се определени да работат на решенија што ќе придонесуваат за квалитетно образование од коешто ќе излегуваат оспособени и стручни кадри.

„Ќе работиме, како што ветивме, не преку казни, туку по принципот на награди. Така ќе ги мотивираме учениците, наставниците и професорите, училиштата, да се заложуваат за резултати во образованието, како важен сегмент преку коишто ќе се развива и општеството во коешто живееме. 

Ќе се заложиме да бидат испочитувани парламенатрните процедури и оваа година екстерно тестирање за учениците да нема“, рече претседателот на СДММ и ги повика политички партии да го поддржат овој предлог во интерес на учениците, наставниците, родителите и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра