18 Април, 2024
0.0258

СДСМ: Со мнозинството нема да дозволиме да се загрози безбедноста

Објавено во: Македонија 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

СДСМ повторно истакна дека целосната блокада на политичкиот систем од страна на ВМРО-ДПМНЕ е директно рушење на интересите на граѓаните и дека обидот на Груевски да се спаси за сите дела кои ги направил може да има огромни последици.

- Граѓаните и државата се под заложништво на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со насилство ги блокираат демократските процеси. Тие се подготвени, за да се спасат од одговорност, да го блокираат целиот државен систем и да ги жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето.

Земјоделците се уште не ги добија субвенциите. Фирмите доцнат со исплата на плати. Министрите во заминување веќе 4 месеци се со технички овластувања. Најзагрижувачки, за три недели Македонија ќе остане без градоначалници и советници, бидејки тогаш по закон престануват сите нивни овластувања.

Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот и евро-атлантски интеграции.

Бидејки се работи за неразумни политичари како Груевски и Иванов, парламентарното мнозинство постапува мудро за да ги заштити државата и граѓаните од насилието на криминалната група која сака инциденти и не дозволува мирен трансфер на власта, велат од СДСМ.

Од партијата на Заев посочија дека тие заедно со мнозинство нема да му дозволат на Груевски да ја загрози безбедноста на граѓаните и државата, а наскоро ќе се одбере претседател на Собрание и нова влада.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари