16 Април, 2024
0.0234

СДСМ тврди: Откупот на грозје пропаѓа, власта ги лаже лозарите

Објавено во: Агробизнис 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

СДСМ и понатаму не се откажува од идејата за формирање на кризен откуп кој треба итно да се примени за да се спаси производството на лозарите поради очајно ниските цени. Опозициската партија ја обвини власта дека нејзините политики се неуспешни и лаже дека има откуп на грозје.

„Наместо да излезат на терен меѓу лозарите, да ја согледат реалната слика и фактите, ВМРО-ДПМНЕ преку нивните мегафони коишто направија сарма од новинарските стандарди, со евтини трикови и црвени кругови се обидуваат да ги излажат граѓаните и лозарите дека има откуп на грозјето. ВМРО-ДПМНЕ не може ниту јавноста, ниту лозарите да ги излаже на терен. Ако не се плашеа да ги погледнат во лице, тие ќе излегоа на терен и самите ќе се увереа дали има откуп на грозјето“ соопшти СДСМ.

Претходно министерот за земјоделство Михаил Цветков вети решавање на проблемот на лозарите на различни начини меѓу кои и субвенции за откупувачите од 3 денари и им посочи на лозарите да склучуваат писмени договори за да се одржи цената на грозјето на ветеното ниво.


Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?