18 Април, 2024
0.0361

СДСМ УБЕДЕНИ: Ќе има и конститутивна седница, и мандат за Влада!

Објавено во: Македонија 18 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Опозицијата убедена дека промени ќе има, а ќе има и конститутивна седница, и мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија.

Во реакцијата на адреса на ВМРО ДПМНЕ од СДСМ порачуваат дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да се вразумат, да прифатат дека граѓаните не ги поддржуваат и се опозиција и да овозможат мирен трансфер на власта.

„Огромното мнозинство од граѓаните, на 11 декември избра промени со 700 илјади гласови. Граѓаните гласаа против милионските криминали и злоупотреби, против системското уништување на судството, медиумите, образованието, здравството, реагираат од .

Граѓаните гласаа за реформи, гласаа за повеќе пари во секое семејство преку зголемување на минималната и просечната плата, преку поврат на 15% ДДВ, преку укинување на радиодифузната такса и враќање на евтината тарифа на струјата. Граѓаните гласаа за квалитетни јавни услуги, квалитетно образование и здравство“, стои во реакцијата од кабинетот на Заев.

Оттаму посочуваат дека приоритетите содржани во Програмата на новата Влада на Република Македонија се единствениот реален документ кој ги гарантира промените и животот за сите граѓани подеднакво во унитарна и суверена Република Македонија.

Тие потенцираат дека во обид за спас  Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ прават поделби и шират омраза меѓу граѓаните, и за тоа дури злоупотребуваат и деца.

Oд партијата на екс премиерот пак цврсто стојат на ставот Заев да ја отфрли платформата која според нив е од Тирана.

„Веќе подолг период СДСМ и аболицираниот Зоран Заев молчат и не излегуваат со одбивање на Тиранската Платформа. Тие се  подготвени да предводат Тиранска Влада базирана на темели на Платформа формирана во странска држава под диктат на странски премиер“, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму уште еднаш порачаа дека остануваат на својата принципиелна понуда, а тоа е дека доколку СДСМ се откаже од Тиранската Платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му дадат поддршка на СДСМ и Зоран Заев да формираат влада.

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат