20 Април, 2024
0.0348

СДСМ укажува на можен буџетски дефицит од над 4%, ВМРО ДПМНЕ со став: Мешаат баби и жаби

Објавено во: Финансии 26 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Опозициската партија СДСМ денеска преку соопштение ја алармира јавноста дека буџетскиот дефицит е исполнет 100 проценти во однос на првично планираниот буџет за годинава, односно досега се потрошени 279 милиони евра. Еве што се вели во соопштените од СДСМ: „Според најновите податоци од Министерството за финансии, во месец октомври, владата на ВМРО – ДПМНЕ, креирала буџетски дефицит од нови 22 милиона евра. Со тоа Владата до октомври остварила вкупен буџетски дефицит од цели 279 милиони евра. Тоа е скоро 100% од планираниот дефицит со буџетот за 2013 или 90% од буџетскиот дефицит планиран со ребалансот од пред десетина дена. СДСМ алармира дека овој тренд ќе продолжи во наредните два месеца и очекуваме дека годината ќе заврши со дефицит од цели 335 милиони евра или 4,2% од БДП. Од друга страна, она што е уште пострашно, иако се поминати 10 месеци од годината, и при ваков висок дефицит, владата реализирала само 65% од планираните капитални расходи. До крајот на годината владата  не може да ја промени оваа состојба драматично и според проценките, 2013 година ќе ја завршиме со капитални расходи од околу 250 милиони евра. Тоа ќе бидат најниските капитални инвестиции во последните 5 години  во апсолутен износ. Како процент од БДП тие ќе изнесуваат бедни 3,2%“, стои во соопштението од опозициската СДСМ. На ова реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека СДСМ продолжува со своите бурлески поради буџетот, правејќи споредба на реализација на Буџетот со планираното пред ребалансот. „Кога веќе мешаат баби и жаби, зошто не прават споредба со 2001 година на пример, или со оние бројки што најубаво им изгледаат. Дефицитот за оваа година ќе биде 3,9 проценти, точно колку што е планирано со ребалансот. Второ, СДСМ добро знае дека најкрупните капитални проекти се во инфраструктурата, а дека Агенцијата за патишта од оваа година е издвоена од Буџетот, согласно тоа и капиталните инвестиции кои се реализираат преку неа. Трето, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа и признанијата за добрите политики на оваа Влада доаѓаат од сите страни, вклучително и од ММФ и Светската банка“, стои во реакција на партијата. Според најголемата владејачка партија, ако СДСМ беше на власт за време на светската економска криза ќе ја доведеше Македонија во ситуација и полоша од Грција.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин