29 Март, 2024
0.0240

Се бара брендирање за надалеку познатата охридска цреша

Објавено во: Агробизнис 31 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Се очекува охридската цреша наскоро да биде брендирана. 

Земјоделската задруга „Охридска церешна“ достави елаборат за добивање на географска ознака на сортата охридска цреша. Ова е прва постапка по новиот Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.

Доколку нема забелешки на елаборатот охридската цреша ќе ја добие ознаката што практично ќе значи брендирање на сортата.

Таа мора да има еднаков квалитет во однос на големината и на бојата, да биде одгледувана со еднакви агротехнички мерки. Пакувањето мора да е во гајби на кои треба да стои името и презимето на производителот, локацијата на производство, тежината и датумот на пакувањето и да го има националниот знак за заштитена георафска ознака.

Околу 20 земјоделци годишно произведуваат речиси 3,5 тони охридска цреша.

Црешата носи профит и затоа интересот за нејзино одгледување расте. 

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи