25 Април, 2024
0.0249

Се даваат субвенции за откуп на „вранец“

Објавено во: Агробизнис 20 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Државата дава субвенции од 3 денари по килограм за откупено винско грозје  годинава, за количини кои се над 60%, но не повеќе од 130% во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“ за винарските визби. 

Ова го најави денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Ваквата одлука следи по средбата со винариите на која информирале дека ќе го намалат откуп на грозјето затоа што на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји.

„Имаме и голем притисок за откуп на сортата „вранец“ имајќи предвид дека таа е веќе стасана, и треба да се откупи во наредните неколку дена. Доколку не неправиме да се откупи,  постои можност да остане на лозовите плантажи. Владата на РМ на седницата која се одржа вчера  донесе одлука да го стимулира откупот“ - рече Цветков.

Би требало да се откупат околу 30 до 35 милиони килограми „вранец“. До вчера откупени се над 43 милиони килограми грозје од кои 26 милиони се од сортата „вранец“, а останатите се други видови грозје.



Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади