24 Април, 2024
0.0262

Се договориле по Фејсбук и утре пред Собрание ќе протестираат за носење на буџетот

Објавено во: Економија 23 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Утре на пладне , иницијативата „Фронт на народот, фронт за Македонија“ најави протест пред Собранието и побара итно спречување на блокадите во Собранието, донесување на буџетот на државата и опозицијата да престане во заложништво да го држи народот.

Како што информираше еден од иницијаторите, актерот Роберт Велјановски овој Фронт е воден од нивната слободна и демократска мисла, а се организирале преку социјалните мрежи.

„Се обединувме со цел да се спротивставиме на штетните политики на политичките сили и политичарите кои го кочат развојот на општеството и ги блокираат нашите примања, плати, пензии, социјална помош, субвенции, вработувања и кои спречуваат проекти од културата, изградба на училишта, патишта, болници, сали и остнати инфраструктурни објекти кои се од значење за граѓаните“, рече Велјановски.

„Народот го бара тоа што му е ветено и никој нема право со блокада тоа да го спречи. Народот не може и не смее да биде заложник на политичките кариери на поединци. Секој оној кој ќе проба народот да го користи како инструмент за свои политички поени и да ги блокира нашите пари ќе се соочи со револтот и со силата на народот“ посочи актерот.

За време на прес конференцијата говореше и Никола Стаменов, претставник на земјоделците од Струмичкиот регион, кој нагласи дека „Фронт на народот, фронт за Македонија“ се самостојна граѓанска иницијатива поттикната од неразумното однесување на политичарите, односно пратениците кои, вели, преку деструктивност и неразумно однесување предизвикуваат серија проблеми. Тој уште реше дека блокадата на буџетот значи и блокада на интересите на граѓаните, а додаде и дека немаат политички барања или амбиции, туку чисто граѓански барања.

Како што беше појаснето денеска, оваа Иницијативата ја  поддржале луѓе од различни сфери од општеството.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?