Добивај вести на Viber
Властите во јужнокорејскиот град Инчхон планираат да изградат забавен комплекс по примерот на главниот град на коцкање во САД, Лас Вегас. Проектот ќе чини 290 милијарди долари, наречен е „ 8City“ и мора да биде подготвен до 2030 година.
Комплексот ќе биде лоциран на островот, кој се наоѓа недалеку од Инчхон и на 28 километри од јужнокорејската престолнина Сеул. Ќе има хотели, казина, ресторани, барови, трговски центри, концертни сали и сопствена Марина. Корејскиот Град на гревот ќе биде во форма на осмица, а инвеститорите планираат да ги надмине по популарноста дури и Вегас и Макао, привлекувајќи годишно 134 милиони посетители.
Меѓу акционерите за развој на проектот се хотелскиот оператор „Kempinski“, авиопревозник „Korean Air“ и „Daewoo Engineering and Construction“.
За сега се обезбедени 2.8 милијарди долари од јужнокорејски инвеститори, како и 1 милијарда од британската компанија „Sanbar Development Corp“.