25 Април, 2024
0.0629

Се гради „полуавтономна пловечка Венеција во рајот“

Објавено во: Стил 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Пилот-проектот што почна да се реализира во Француска Полинезија ќе биде првата „пловечка заедница“ и треба да биде готов до 2020 година. 

Овој град ќе може да прими 300 луѓе. Џо Квирк, претседател на Институтот Систандинг, зборувал за своите планови за градовите на океанот, кои ќе бидат ослободени од ограничувањата на светските влади.

„Ако би можеле да имате пловечки град, тоа веќе би била држава во настанување“ – рекол Квирк. 

Засега се подготвени да соработуваат со постојните влади за да можат да направат „полуавтономна пловечка Венеција во рајот“.

Овој пловечки град ќе биде сместен во „посебна економска зона“, овозможувајќи му на институтот да реализира некои од своите идеи во релативно контролирана област.

Проектот ќе чини 167 милиони долари. Тимот склучил договор со државата да креира „единствен управувачки систем“ во „парче“ на океанот на кој ќе започне проектот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти