СЕ ГУШАТ ОД СМРДЕА: Граѓаните на Струга продолжуваат со протести поради дивата депонија
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2017
Жителите на Струга го продолжуваат својот протест, бидејќи уште не е пронајдено решение за илегалната депонија која секојдневно ги гуши.
Не се знае кога и дали ќе се затвори депонијата, ниту дали ќе биде преместена.
Министерот без ресор задолжен за животна средина одговори на повиците за помош, но не прецизираше рокови за тоа кога нешто по тоа прашање ќе се направи.
Според процедурата, треба да се формираат експертски тимови да ја истражат ситуацијата, а потоа според резултатите и заклучоците да се повикаат и седници на Владата.
Граѓаните најавија протести и блокади на неколку правци, доколку ситуацијата набрзо не се реши.