24 Април, 2024
0.1882

Се издигнаа куполите над Собранието

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со поставувањето на големата и двете мали куполи, зградата на Собранието на Република Македонија добива нов изглед.  Две сали што се наоѓаат на ќошињата на предната фасада на Собранието се покриени со малите куполи, кои се со дијаметар од шест метри и висина од три метри. Додека во средината се работи на доградба на која што се надоврзува големата сала од шестотини метри квадратни и таа е покриена со големата купола со дијаметар од 32 метри и висина од десет метри. - Големата купола се работи од два вида на стакла. Во долна зона имаме потемно стакло, во горна зона е посветло и нивното спојување ја формира буквата „М“ на три места. Проектите за ентериерното уредување на салите се работат и на малите сали и на големата сала. Стаклото на куполите се поставува во вид на триаголници. – Тоа се посебни сендвич ѕидови од стакла и се со два вида стакла од внатрешна и од надворешна страна исполнети со аргон и со сите оние карактеристики потребни за издржливост, за непропустливост, за одбивање на сонце, појаснува Ивановска. Првата сала под малата купола што гледа десно на главниот собраниски влез наскоро ќе биде ставена во функција. - Некаде пред летото очекувам таа сала да биде готова, за разлика од другата мала и големата кои најверојатно наесен со целиот објект би биле завршени, рече Ивановска. - Сега се работи од главниот влез до Струшката сала и делот на ресторанот. За следната година ни останува уште делот покрај улицата „Даме Груев“, рече таа. Во периодот кога Собранието нема да работи поради локалните избори во март ќе се работи на зајакнувањето околу влезот наречен „Винар“ од страна на улицата „Даме Груев“, бидејќи тука се наоѓа и главниот влез за парламентарната сала. Реконструкцијата на објектот на Собранието започна во април 2012, а се планира да заврши во ноември следната година. Со проектот се предвидува изведување на нови 3.900 метри квадратни и адаптирање на 840. Изведувач на работите е градежната фирма „Бетон“ АД Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција