28 Март, 2024
0.0282

Се јавија и Тврдокорните - Договорот со Бугарија е против националните интереси

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Движењето „Тврдокорни“ кое прв пат се профилираше со протести против Тиранската платформа сега се противи на Договорот за добрососедство со Бугарија кој го смета за спротивен на националните интереси и по долго време на отсуство од македонската политичка сцена повторно се јави со жесток говор на прогласување на патриоти и предавници. 

Според нив, најкритични е член 8 дека двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.

„Бугарскиот хегемонизам кон Македонија некогаш и денес беше душмански насочен кон македонскиот идентитет и македонската државност. Може да славиме заеднички откако ќе се извинат за големите злосторства извршени над невино македонско население многу пати низ минатото. Само тогаш и на таков начин можат да покажат дека го смениле својот подмолен однос и сфатиле дека треба да ја почитуваат македонската личност и имаат добри намери кон нас Македонците. Што ќе славиме заеднички кога неспоредливо повеќе има за извинување од бугарска страна отколку нешто добро што ни дошло од источните соседи. Навистина има поединци од бугарска националност кои учествуваа во македонските национални движења но најчесто истите истовремено од тогашната бугарска држава биле сметани за терористи. А поретко, ако биле лица потпомогнати од бугарската власт тоа биле бугарски агенти со антимакедонски задачи“, велат од здружението.

Според нив, македонските малцинства во Пиринскиот и Беломорскиот дел се еден од најдобрите и најнеоспорните докази за самобитноста на македонскиот народ бидејќи ги руши нивните агресивни хегемонистички „теории за измисленоста на македонската нација“. 

- Не може во рамките на нивните држави, етничко население по целата територија на одредено подрачје да успее да ги измисли некој од надвор и истите откако од надвор биле измислени грчевито со децени со векови независно од политичкиот систем да не се откажуваат од македонската национална свест. Ако нема етничко македонско малцинство во границите на вашите држави тогаш зошто ви се потребни договори со вакви барања!?, прашуваат „Тврдокорните“. 

Тие праќаат порака до Бојко Борисов, Зоран Заев и Љубчо Георгиевски: „Тука е Македонија и вие не заслужувате да го дишете нејзиниот воздух“!

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра