23 Април, 2024
0.0249

Се менува Законот за домување?

Објавено во: Мои пари 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Ќе се менува законот за домување, соопштија од Министерството за транспорт и врски. Денеска , на прес конференција, од страна на министерот Миле Јанакиески ќе бидат презентирани предлог измените и дополнувања на Законот за домување.

Законот за домување стапи во сила на 1-ви април минатата година. Како најголема новина, со Законот стана задолжително во сите згради да се формираат заедници на станари или назначи управител кој ќе го регулира одржувањето на објектите, плаќањата за режиските трошоци и генерално заедничкото живеење. Според најновиот извештај на Регулаторната комисија за домување доставен до Собранието вкупниот број на регистрирани станбени згради кои се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици изнесувал  4412. Во меѓувреме, згаснале 82 станбени заедници кои имале ангажирано управители, пишува в Ако се земат во предвид податоците од  последниот попис, според кои во земјава има околу 10. 000 станбени згради,  тоа значи дека само 44% го почитуваат Законот за домување, кој налага сите станбени згради да се регистрираат во заедници на станови. Иако од Комисијата информираат и дека секојдневно се зголемувал интересот на правните лица за добивање на лиценци за управители, од почетокот на спроведување на Законот за домување од 2010 година, до сега, само дваесет и пет правни лица имале добиено  лиценца. Според извештајот на Комисијата, најмногу регистрирани заедници има во скопските општини Центар, Аеродром, Карпош, но и во Битола, Охрид и Тетово.

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена