Добивај вести на Viber
Најновите анализи на светската Организација за храна и земјоделство, ФАО, покажуваат драстичен пад на производството на житарици. Ваквиот пад на производството, ќе доведе до намалување на светските залихи од житарици, што ќе се почуствува најмногу следната година. Според најновата анализа на ФАО, намален е родот на пченката во централна и југоисточна Европа, каде што приносите се пониски од очекуваните, што е последица на сушата. Сегашните прогнози на ФАО се дека светското производство на житарици оваа година ќе биде помало за 2,6 отсто, во споредба со минатат година.