СЕ НАОЃА ВО АФРИКА: Ова е најскапиот град на светот
Објавено во: Стил 25 Јуни, 2017
Најскапиот град на светот се наоѓа во Африка.
Луанда, главниот град на Ангола е најскап ако се земат в предвид трошоците за живот. Ова го покажува истражувањето на Мercer, а сметани се трошоците за храна, сместување, јавен превоз, облека и рекреативни активности.
Овој град е најскап во конкуренција од 200 градови.
На второ место е Хонг Конг, на трето е Токио и на четврто е Цирих.
На петтата позиција е Сингапур.
Ангола е голем извозник на нафта во светот, а со тоа имаат многу меѓународни компании и вработени чии плати се високи, со што и животот во главниот град е скап.