18 Април, 2024
0.0240

Сонот е потреба

Сe обележува светска недела на сонот

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Фармацевтската компанија „ПхармаС“ го одбележува Светскиот ден на спиењето – 17ти март, со цел да даде значење на потребата од квалитететен и мирен сон, и да ја подигне јавната свест за зголемениот број на пореметувања на сонот кои го нарушуваат здравјето.

Спиењето има огромно значење за целокупното здравје на организмот, работната способност, менталното и емотивното функционирање на човекот. Квалитетот на сонот влијае на квалитетот на животот и секојдневното функционирање.

„Во текот на следнава недела, на различни локации во Скопје ќе поставиме кревет како симболика за одмор и спиење. На сите ни е јасно дека спиењето има огромно значење за целокупното здравје на организмот, но за жал несоницата е појава која бележи подем во светски рамки, па и во Македонија. Скоро 95% од возрасните доживеале барем една епизода на несоница во текот на животот. Затоа презедовме иницијатива со која ќе ги информираме граѓаните за штетните последици од недоволното спиење и ќе ги поттикнеме да посветат поголемо внимание на квалитетот на сонот како потреба и основа на здравјето“, вели Филип Ачкоски, регионален директор на команијата „ПхармаС“.

Несоницата се дефинира како повторувачка потешкотија која се однесува на заспивањето, одржувањето на спиењето или квалитетот на спиењето, која се случува и покрај соодветното време и можност за спиење, а резултира со пореметување на дневните активности. Вообичаени критериуми за несоница се: подолго време од 30 минути за заспивање, спиење помалку од 6 часа, будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта, рано будење без можност повторно да се заспие и спиење кое е со слаб квалитет.

Според  Ачкоски, несоницата може да се превенира, со тоа што ќе најдеме време за опуштање од секојдневните стресни активности и ќе посветиме внимание на одморот и спиењето, а нејзиниот третман треба да биде со помош на природни препарати избегнувајќи ги притоа хемиските лекови од редот на хипнотици и опијати.

Статистиката говори дека околу 1/3 од возрасните имаат одредени потешкотии да заспијат или да спијат во тек на 12 месеци, а од нив 17% сметаат дека имаат сериозен проблем и бараат медицинска помош. Иако несоницата не познава пол, возраст и занимање, сепак е почеста кај жени на средна возраст поради хормонските промени кои настануваат во тој период од животот на жените и т.н менопауза, кај луѓе кои подолг временски период се изложени на стрес, кај луѓе кои работатат во смени и имаат пореметен биоритам, кај луѓе кои често патуваат и менуваат временски  зони, а со тоа се нарушува и нивниот секојдневен ритам на спиењето, како и кај луѓе со одредени психолошки и психијатриски болести, односно пореметувања. 

Светскиот ден на сонот се одбележува од 2008 година во организација на Светската Асоцијација за медицина на спиењето(WASM)  и Светската Федерација на спиењето(WSF). Во 2016-та година, овие две организации се здружиле со цел да создадат една интернационална организација - Светска заедница на спиењетo.

Слоганот на овогодинешниот светски ден е Спијте квалитетно, негувајте го животот.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година