Се очекуваат поројни дождови со над 30 литри на метар квадратен
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2017
Во Македонија денеска се очекуваат поројни дождови.
Времето ќе биде облачно и свежо, со врнежи од дожд кои во јужните и источните делови повремено ќе бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Најдолго и континуирано се очекува врнежите да се задржат во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 21 степен, во Маврово 16, во Охрид 22, во Кавадарци 23, во Дојран 22, во Берово 17, во Крива Паланка 18 степени.
Времето утре во земјава ќе биде променливо, облачно и свежо, а претпладне во јужните делови сѐ уште ќе има локален дожд. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура нема да надмине 25 степени.
Од вторник времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност и температури од 23 до 30 степени.
Од среда повторно ќе имаме сончево и топло време со температури кои ќе се движат од 27 до 33 степени.