28 Март, 2024
0.0266

Се одбележа ” Денот на руралната жена”

Објавено во: Агробизнис 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Македонските жени земјоделки, денеска го прославија Меѓународниот ден на руралната жена. Според светските статистики руралните жени сочинуваат повеќе од една четртина од вкупното светско население. И покрај ваквите податоци, македонската рурална жена сеуште не е доволно застапена во земјоделските здруженија, во бизнисот и во донесувањето одлуки за развој на земјоделството. Денеска македонските рурални жени испратија порака, дека жените земјоделки имаат потреба од економска сигурност и општествено признание. - Едукацијата и воспитувањето на децата е во наши раце, одржувањето на домаќинството е исто така наша обврска, како и работата на поле и обезбедувањето егзистенција. Оттука, не ни преостанува ништо друго туку да се здружиме и наместо срамежливо, со кренати глави да се бориме за нашите права и интереси, рече Љубица Џониќ, земјоделка и член на Управниот одбор на Федерацијата на фармери. Според претседателот на Федерацијата на фармери Андрија Секуловски, македонските жени земјоделки треба да се изборат за своите права. - На жените од руралните средини отпаѓаат 1,6 милијарди од вкупното светско население. Произведуваат речиси половина од храната, до 80 отсто во Африка, 50 проценти во Азија и околу 40 отсто во Јужна Америка и западните земји. Овие и други слични податоци се доволен поттик и нашите земјоделки да се обединат и да се изборат за своите права, да бидат поактивни и вистински лидери, придвижувачи на земјоделскиот процес, изјави Секуловски. На манифестацијата организирана под мотото „Побарај ја својата улога во намалување и прилагодување кон климатските промени“, присуствуваа околу стотина жени земјоделки од Скопско, Битолско, Гевгелиско, Струмичко, Кочанско, кои собрани на едно место готвеа најразлични традиционални македонски јадења.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи