СЕ ОГЛАСИ ГЕРМАНИЈА: Каков е нивниот став за Каталонија?
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2017
Германија нема да ја признае независноста што денеска ја прогласи каталонскиот парламент, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
Тој соопшти дека Берлин е загрижен поради ескалацијата на случувањата во Шпанија, напоменувајќи дека едностраното прогласување независност „ги прекршува принципите на суверенитетот и територијалниот интегритет на Шпанија“.
„Германската Влада не познава таква декларација на независност. Берлин ја поддржува јасната позиција на шпанскиот премиер Маријано Рахој во неговите заложби да го врати мирот и редот. Се надеваме дека сите вклучени страни ќе ги искористат можностите за дијалог и деескалација“ - рече Зајберт.
И САД претходно се изјасни дека ја поддржува шпанската Влада и дека за нив Каталонија е дел од Шпанија.