Се огласи Трамп за страшната трагедија во училиштето во Флорида
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2018
Според Трамп напаѓачот од Флорида бил ментално болен.Тој им упати сочувство на семејставата на загинатите но и посочи дека најважно е училиштата да бидат безбедно место за сите деца, со што потенцираше на поголемо внимание на ваквите случаи.
„Многу знаци укажуваат дека напаѓачот од Флорида бил ментално болен, дури и исфрлен од училиште поради лошо и ненормално однесување. Соседите и училишните познаници знаеле дека е многу проблематичен. Такви случаи секогаш треба да се пријавуваат кај властите, повторно и повторно“, порача Трамп на „Твитер“.
Николас Круз (19), поранешен ученик во училиштето и момчето кое ја предизвика оваа несреќа уби 17 деца, а повреди најмалку десетина.
Тој својот пиштол го купил легално.