19 Април, 2024
0.0275

Се отвора 17тиот Зимски салон

Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Седумнаесеттото издание на „Зимски салон“, врвната изложба на дела од автори од Македонија и странство ќе биде отворена на 16ти февруари, (петок), 2018 година во Чифте Амам со почеток во 20 часот. Годинешната зададена тема на која се работени делата е Спректрални места и има за цел да ги обедини аспектите на разбирање, а просторот да го претстави како физичка местоположба.

Селектор на годинешната програма е српскиот историчар на уметност Никола Шуица, кој избра повеќе од 70 дела од домашни и странски автори кои ќе бидат изложени. Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, Исмет Рамиќевиќ, Тања Балаќ, Ангел Миов, Ирена Паскали, Катерина Таневска, Филип Фидановски и многу други автори од земјава, како и автори од странство меѓу кои  Дерек Огбурн од Велика Британија, Андреа Иса од Германија, Иштван Хоркаи од Унгарија, Мерцедес Братош од Хрватска, Марија Ќалиќ од Србија и други.

Поставувајќи го фокусот на психолошки, веќе доживеани но и провокативни резултати, оваа селекција ги обединува и им дава важност на различните аспекти и пристапи во дефинирањето на местоположбата, локацијата, реалниот и имагинарниот простор, како константен предизвик на уметничко ниво, не дискутирајќи за вистината на истото, кој секогаш ќе биде предмет на поединечни сензуални изразувања“, вели селекторот на програмата за 17тиот Зимски салон, Никола Шуица.

На изложбата доловени се временско-просторни јазли, кои наликуваат на сликовити поглавја, давајќи го фокусот на визуелната и уметничката сугестија насочена кон ориентационите, сензуалнитеи различните искуства на современите креатори, како во Македонија, така и во регионот“, дополнува организаторот Христијан Санев, Претседател на ДЛУМ.

И оваа година еден од авторите ќе ја добие Гран –При наградата, престој во атељето на „Citè des Arts“ во Париз, што ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија.

Зимскиот Салон е во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија и во соработка со Национална Галерија на Република Македонија. На отворањето ќе бидат присутни претставници на дипломатскиот кор како и претставници од Министерство за култура.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ