22 Јануари, 2018
0.4331
    ALK 7698.52    0.63%     AUMK 1700    0.06%     GRNT 830    0.73%     KMB 3135.87    -0.52%     MPT 28907    -3%     MTUR 4158    -2.16%     OKTA 3200    2.86%     RMDEN16 94.5    0.11%     RZUS 124    9.73%     STB 970    1.04%     STIL 154    1.61%     TEH 140    -6.67%     TEL 283    1.07%     TETE 2060    3%     TKVS 3106    -3%     TPLF 1798.38    -0.03%     TTK 950    -0.12%     ZPKO 2700    -0.37%

Се плашам дека можеби нема да не биде!?

Објавено во: Колумни 20 Декември, 2017

Во последната колумна, драги мои, ви пишував за незадоволството што го има помеѓу членовите на СДСМ. Деновиве тоа сè повеќе ми се потврдува и на социјалните мрежи – врие од статуси на незадоволство. Демек членовите се нетрпеливи, демек треба да почнат да бидат наградувани, демек ги донеле на власт, редно било сега и тие нешто да се офајдат и сл. Во оваа колумна сакам само уште еднаш попатно да потсетам за да не би тие членови да продолжат да се разочаруваат: нема тоа така лесно да иде пријатели! Оти овој пат над глава ни виси чичко Сем. Нашите глупости повеќе нема да ги толерираат. Или ќе не биде, или ич нека не нè бидува! „Меѓународната“ повеќе нема трпение да нè гали.

Но, мене друго ме секира. Ме секира да не би да неможе да нè биде!? Дека немаме поденцијал да нè биде. Дека не сме способни за бидување. Оти едноставно до таму ни сече! Да, да, едноставно мислам дека треба да се погледнеме во огледало и да си признаеме – ние сме една неписмена и некомпетентна нација. Сите треба да си го кажеме тоа, до еден. Пред огледало, пред себе си. Тоа треба да ни биде и нашата лична, но и колективна, национална катарза. Не нè бива!

Според последниот попис, направен далечната 2002 година (ете, не сме кадарни и еден попис да направиме), 3.6% од жителите на Македонија на возраст над 15 години се неписмени. Но, ако оваа бројка ви изгледа мала, ќе ви посочам дека таа мери неможност за читање, пишување и елементарни математички оперaции, т.е. се однесува на оние кои не завршиле основно образование. Дефинирањето на писменоста денес е многу поразлична од ова. Познавањето на буквите и способноста за пишување е само дел од писменоста. Сега во писменоста спаѓаат и читањето со разбирање, критичкото размислување, јасно пишување, повисоки математички вештини, употребливост на знаењето и сл. Нешто што како компетенција кај нас тешко се добива ниту во средно училиште, а понекогаш дури и до факултет! Е, токму тоа е она што ме загрижува. Што ние живееме во илузија – процентите само ни ја смируваат душата. На пример, повеќе од 95% е опфатот на ученици во средно, што не е лош, европски просек, но ако го земете фактот дека и по завршувањето на тоа средно училиште, учениците се функционално неписмени, што се покажува на т.н. ПИСА-тестови (резултатите на пример, од 2000-2001 година беа поразителни за нашата земја: од вкупно 42 држави, Македонија се наоѓаше на 31-то место), тогаш ја добивате вистинската слика за тоа каде сме. Или вака вулгарно, уште еднаш  да си повториме – ние сме ужасно неписмена и некомпетентна нација!

И, чаре? Чаре се длабоки, болни, сеопфатни, долгорочни, систематски и системски реформи. Добро, значи до овде сè е во ред. Чаре може и да има? Но, мојата загриженост, искажана погоре, се однесува токму на овој момент – на некомпетентноста. На неможноста да се избориме со ова и да преземеме вакви реформи. Не можете да се изборите со неписменоста ако сте некомпетентни. Имено, она што особено е загрижувачки е фактот на она што може да се нарече „наводна компетентност“, а тоа е дека наводно компетентните во областите, всушност немаат капацитет и компетенција да ја изведат реформата. И ова важи во сите области – од хуманистички науки, до нуклеарна физика. Со чест на исклучоци, но особено во академските кругови, врие од некомпетентни. Луѓе кои не се мотивирани, кои слабо работат, кои не следат европски, светски трендови...кои не се подготвени да учат, кои не сакаат да напредуваат, да стекнуваат знаења.... ете, тоа е сликата на нашите компетенции. Доколку се направи емпириско истражување, претпоставувам дека би ја потврдило мојата интуиција и непосреден увид – дека во било која институција, од било која област ќе најдете барем половина што не се за таму! Гарантирам дека во секоја институција, скоро половината немаат неопходни компетенции (знаења, вештини, умеења) да ја извршуваат работата за која се платени, иако за тоа имаат формално образование.  А ако државните институции и органи, задолжени за сериозни реформски зафати немаат компетенции за тоа, како очекувате тие реформи да се случат!?

И така, пак се враќаме на предупредувањето со која ја почнав оваа колумна, а и на која посветив и една претходно – другари и другарки од СДСМ, баталете таа приказна за ваши и наши, членови, не-членови, лепачи на плакати, не-лепачи...Македонија го нема луксузот за исклучива партиска селекција. Тие малкуте што ги имаме умни треба да ги впрегнеме да ораат ако сакате да дојде животот за сите. Вака, тешко. Тешко ќе го донесете животот со овој ум. А гледам натаму сте кинисани. А бога ми и јавноста. Бил во Пленум, бил во Контра-пленум, бил наш, не бил ваш!? Како бе по ѓаволите тоа е важно, па тоа е истата ВМРО-вска матрица против која кинев чевли во Шарената ви револуција! Уште еднаш – го немаме луксузот да селектираме кадри во партиските штабови, малку сме, а и од тие што сме, пола сме некомпетентни! Затоа, да не ве тегне за уши Чичко Сем, вразумете се, драги пријатели, членови на СДСМ и додека чекате во партиските штабови да ве вработат, да ви дадат функција, да ви го дадат заслуженото и сл. запотете се троа и посветете се на себе си, на стекнување на компетенции и инвестиција во знаење и вашето само ќе си дојде....без партијата.

Иако, како сте кинисале јас искрено се сомневам дека ќе го донесете животот, а особено со кои луѓе сте кинисале да го носите, ама за тоа веќе во следната колумна. Во оваа, на крај, уште еднаш ќе ве потсетам на хендикепот што го имате (а кој исто така неодамна ви го напишав) – ВМРО, во изминатата деценија ги направи сите ВМРО, апсорбираше и шуто и рогато. Не остана СДСМ-овец во институциите. Сега се соочувате со страшен недостиг на „ваши“ кадри секаде. Не грижете, се конвертитите бргу ќе се престројат, сега сите ќе станат СДСМ. Но, проблемот е што токму тие и таквите конвертити нема да ви требаат, оти токму тие се тие некомпетентните за кои зборувам и кои живеат само благодарение на партијата, било која. Партиските штабови се всушност негативна селекција и токму тие нè доведоа до ова дереџе. Олабавете ги институциите, дајде им ја автономијата и дозволете процесите да течат внатре институциите. Не шетајте со списоци за вработувања и именувања по штабовите. Аман! Ако не се свестите многу бргу и не дозволите селекцијата да оди надвор од партиските штабови, ќе завршите полошо од ДПМНЕ, оти повеќе нема да ни даваат време за нашите детски болести. 

Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

Русија ќе прифати кое било име на Македонија договорено со Грција

Русија ќе прифати кое било име на Македонија договорено со Грција

Драги мои синови – вие сте Македонци!

Драги мои синови – вие сте Македонци!

За кого, за МАКЕДОНИЈА

За кого, за МАКЕДОНИЈА

Спој на примитивен национализам и отсуство на државотворно чувство

Спој на примитивен национализам и отсуство на државотворно чувство