СЕ ПОБРОЈНИ СМЕ: На планетата живеат 7,6 милијарди луѓе, а еве колку ќе бидеме за 80 години
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2017
На планетата моментално живеат 7,6 милијарди луѓе, а тој број ќе биде зголемен на 9,8 милијарди до 2050 година, и на 11,2 милијарди до 2100 година, се наведува во објавениот извештај на Обединетите нации.
Во извештајот на Економскиот и социјален совет на ОН стои дека светската популација ќе се зголеми секоја година за околу 83 милиони луѓе.
Според тие проекции, се очекува Индија да ја престигне Кина по бројот на жители до 2024 година. Во Индија сега живеат околу 1,3 милијарди луѓе, а во Кина 1,4 милијарди.
Од 10 земји со најголем број на жители, најбрзо се зголемува популацијата на Нигерија, соопшија ОН.
Нигерија моментално е седма на светот по бројот на жители, а ОН предвидуваат дека малку пред 2050 година таа ќе го престигне и САД и ќе стане трета земја на светот, зад Индија и Кина.