Се појави нова професија во Унгарија - ловци на бегалци
Објавено во: Свет 22 Февруари, 2017
Унгарската полиција врбува илјадници млади луѓе и ги обучува за лов на бегалци.
Од април учесниците во овој курс ќе ги ловат бегалците на границата и ќе ги предаваат на властите. Ако е потребно, ќе се користат и оружје.
Со своите постапки Бугаринот Динко од Јамбол стана херој за едни, а други ги осудија неговите активности.
Сега, сепак, се чини дека ловот на бегалци се претвори во професија.
Во Унгарија официјално се обучуваат луѓе ловци на бегалци.
Обуката на овие ловци трае шест месеци. Новата полициска единица се финансира од владата.
Ловците на мигранти велат дека мигрантите не бараат подобар живот во Европа, туку носат терор и насилства.